Ванковска: Пендаровски дава совети како договорот со Бугарија да се протне низ иглени уши

Фејсбук статус на Билјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија.

„И на финалното – уште пофинално, до смртта на Македонија и Македонците!

Да не биде после не сме знаеле… Тие ОТВОРЕНО ни кажуваат дека ќе усвојуваат нов/надграден договор со Бугарија, а Стево уште дава совети како да се протне низ иглени уши, со едвај 61-62 гласови. Да можат и на тајна седница ќе го усвојат.

Оној кој еднаш сторил велепредавство нема што да изгуби – ќе стори и второ и трето, и се’ што ќе му побараат за да спаси жива глава. Покрај тоа што се бедници, ова се и очајници!“