Денес, пред Амбасадата на Република Украина се собра група на граѓани на мирен протест под мотото “Против глорификацијата на Нацизмот во Украина“. На протестот можеа да се забележат транспаренти како: „Нацистите немаат место во ЕУ“, „Против праќањето на нашите деца војуваат за вас“ и „Стоп за глорификацијата на Нацизмот во Украина“.
Македонија и македонскиот народ се против државната политика на Украина за „Воскреснување и воспевање на нацизмот“, како и обидот за градење на украинската нација и историја околу Бандера и Шевченко, кои што биле нацисти и соработници на Хитлер (и кои што извршиле воени злосторства и масовни убиства против евреите, полјаците, украинците и русите).
Во говорот одржан од страна на протестирачите беше кажано:
Ваквата политика на долги стази ќе има негативни последици не само врз Украина, туку и врз соседите на Украина, како и врз цела Европа. Играњето на картата на нацизмот на украинските власти во 21 век Нема да им помине. No Pasaran! Нацизмот нема место во Европа! Денешен Киев – може да се стави дека и Скопје е под надворешна контрола на САД и ги исполнува наредбите на САД.
Македонскиот народ нема да ги праќа своите синови да војуваат за интересите на САД и НАТО во Украина. Украинските власти и елити слепо ги исполнуваат наредбите од Вашингтон и не се ни обидуваат да преговараат со Русија. А цела Европа ќе одговара за нивните постапки и за возможната војна помеѓу Украина и Русија.