Словачка нема да обезбеди воена поддршка за Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека земјата нема намера да замрзне имот во сопственост на Руси на нејзина територија.

Тој потврди и дека Братислава нема да обезбеди воена поддршка за Украина.

„Има земји, како Чешка, кои замрзнаа недвижен имот на Русија или на Русите на нивна територија, но ние во Словачка, се разбира, нема да одиме на тој начин“, рече Фицо.

Тој исто така нагласи дека земјата нема да обезбеди воена поддршка за Украина, но има намера да испрати хуманитарна помош за неа.

Истовремено, тој изрази загриженост поради фактот што „голем дел од хуманитарната помош завршува на црниот пазар“, за што, според него, се разговарало на самитот на шефови на држави и влади на Европската унија.

„Нема да ја споменувам бројката за која разговаравме во Европскиот совет, но тоа е огромен дел од вкупната помош, која завршува на црниот пазар, односно во пипалата на организираниот криминал во Украина“, нагласи Фицо.

Тој исто така најави дека на крајот на јануари 2024 година планира да се сретне со својот украински колега Денис Шмигал.

„Ќе разговараме за тоа како Словачка може да и помогне на Украина во хуманитарната сфера и обновата на областите во земјата погодени од конфликти“, посочи словачкиот премиер.

Според Фицo, Братислава веднаш ќе инсистира на строга контрола на властите во Киев околу дистрибуцијата на хуманитарната помош за таа да не заврши на црниот пазар.