Клуб на читатели посветен на „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади

Во сабота 23.12.2023, со почеток од 18 часот,во Спомен-соба „Т’га за југ“ -Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе се одржи последниот Клуб на читатели за 2023 година кој е посветен на стихозборката „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, книга на месецот.

Андреј Ал-Асади е еден од најавтентичните поетски гласови од најмладата поетска генерација, а со изборот на неговата книга „Секој секому огледало“, жанровскија прошируваме нашата кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.

Со оваа книга Андреј Ал-Асади гради дом врз темелите на стара куќа! Со јазик што пулсира низ времето и сочинува нови врски. Тој наснова нови нишки на невидливиот разбој со кој се ткаеле најубавите македонски песни, добро ги затега меѓу кросната и снове со најубава преѓа – вели Јулијана Величковска.

Модератор на Клубот на читатели е Рада Петреска, библиотекар.