АктуелноЛокално

Крмов: Народот дава силен отпор и не отвoра врата

Помина повеќе од една седмица откако започна спорниот попис, но спроведувањето на операцијата наиде на многу проблеми. Интерните проблеми во главно се случуваат како резултат на техничката неспремност, неколкукратниот пад на системот и неумешноста на попишувачите да на терен да ја завршат работата. Според определени извори, добар дел од попишувачите не ги положиле успешно тестовите за спроведување работа на терен, но поради недостигот на лица пријавени за попишување, од страна на Државниот завод за статистика овие луѓе биле ангажирани.

Екстерните проблеми со кои се среќаваат попишувачите во главно се поврзани со бојкотирањето на пописот од страна на граѓаните. Најчесто тие не отвараат врата, но и голем дел од оние кои ќе се сретнат со попишувачите, одбиваат да бидат попишани. Иако постоеја закани со казни, упатени кон луѓето кои одбиваат да бидат попишани, засега такво нешто се нема случено. Државниот завод за статистика ваквите проблеми се обидува да ги сокрие од очите на јавноста. Заради ова следеше реакција од пратеникот на Левица Борислав Крмов:

Нека не ве лаже овој Апостол, ткн. попис оди тешко, НАРОДОТ ДАВА СИЛЕН ОТПОР И НЕ ОТВАРА ВРАТА! Народот не само што не отвора врата туку и на клоци ги бркаат попишувачите. Посебно во руралните средини отпорот е многу силен. 4 дена апликацијата не им работеше воопшто, а моментално ја буткаат со огромни проблеми. Покажува погрешни податоци, паѓа цело време и дури и дневни извештаи не добиваат како што треба. По наши информации нешто блиску двесте илјади имаат попишано за 8 дена и тоа со големи грешки, а тоа е премалку! Не отворам врата Ќе ве стигне народна правда“