АктуелноЛокално

Левица со правна помош за казните за непопишување!

На официјалната страна на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, беше објавено кратко упатство за бојкотирање на пописот. Како што наведува самата објава, Левица понуди и правна помош за сите оние кои ќе добијат прекршочна казна за одбивање да се попишат. Потсетуваме дека Македонија не се соочува прв пат со бојкот на попис. Во 2011 година, ДУИ заедно со албанската опозиција го бојкотираше пописот, кој пропадна после 10 дена од неговиот почеток. Никој не беше казнат од бојкотирачите на пописот.


„ПОПИСОТ ЗА ОТПИС НА МАКЕДОНЦИТЕ МОЖЕМЕ ДА ГО СРУШИМЕ САМО СО МАСОВНО НЕУЧЕСТВО

Се сеќавате на егзодусот на Евреите од египетското ропство… Во Библијата има една сцена, кога Мојсеј ги избавува сонародниците од тиранијата на фараонот преку БЕЛЕЖЕЊЕ НА ВРАТИТЕ: „И кога ќе мине Севишниот да го поразува Египет, штом ќе го види знакот на прагот и на довратникот, ќе ја одмине таа врата и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куќите ваши“! 

Епа, другари, дојде времето за ПАСИВЕН ОТПОР на Македонците против домашниот окупатор кој, за да остане на власт, се договорил да ја разнебити нашата Република преку вештачки етно-демографски инженеринг на населението. Ако ова го дозволиме, како народ, за неколку децении ќе бидеме дел од една Голема држава. И не се жалете – од нас зависи!

Затоа, УПАТСТВО ЗА НЕУЧЕСТВО во фингираниот Попис 2021 е многу едноставно:
1. Залепете ја оваа лепенка на вашата врата;
2. Не отворајте врата на попишувачите во месец септември;
3. Игнорирајте го оставеното пусулче од нивна страна (не се карајте, не ги навредувајте, не ги пцујте, не ги бркајте);
4. Немаат правен основ за да ве глобат, но во случај да добиете било каква опомена/казна – обратете се до нас за стручна правна помош.

p.s. Само масовна НЕСОРАБОТКА може да го урне овој фалсификат! Ако, пак, дозволиме да успее – албанските партии веќе никогаш нема да прифатат иден попис и ќе започне трауматичен период на сецесионизам и распаѓање на државата. После, немојте да се жалите.

p.p.s. За охрабрување на вашите соседи, можете да споделите и слика од вашата обележана врата.”