Крмов: ДПМНЕ е кооперативна со власта за спроведување на пописот

Иако мнозинството граѓани не се согласуваат со одлуката за спроведување на попис со спорна методологија и бројни пропусти во време на пандемија, Власта сепак одлучи да ја спроведе „статистичката“ операција. Без разлика на постоењето константно силен притисок од страна на јавноста против одржувањето на пописот, од партијата на ВМРО-ДПМНЕ одлучија да застанат рамо до рамо со власта и бидат кооперативни за спроведувањето на фингиран попис.

Заради ова, пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов се огласи на социјалните мрежи. На својот фејсбук профил тој напиша:

Кроен по барањата на ДУИ/ААА, пописот за „отпис“ започна.

„Комитите“ од ДПМНЕ кои можат да спречат, не само што не спречуваат, туку и се кооперативни.

Во овие моменти на криза и антидржавно делување на власта, НАШИОТ ОТПОР Е ДОЛЖНОСТ. #НеОтворамВрата