Цврсто уште од сам старт, Левица од советите

Советниците на Левица низ цела Македонија побараа пренос на седниците на советите ВО ЖИВО, се со цел јавно и транспарентно да се покаже работата на советите.

Левица на својата официјална Фејсбук страна го објави следното соопштение:

Денес, советниците на Левица ширум Републиката, побараа пренос на седниците на советите ВО ЖИВО – нешто што е во законската одредба, со цел граѓаните да имаат директен увид во работата на советите.

Во некои од општините, како што е случајот во Советот на Општина Штип, веќе се применува оваа пракса, но, мораме да потенцираме дека не е во целост спроведена, односно дека има технички пропусти во преносот, па поради тоа треба да се интервенира во однос на техничката поддршка.

За општините каде што нема ваква пракса, очекуваме при првата следна седница истата да биде спроведена и СЕДНИЦИТЕ да бидат соодветно пренесувани во живо од страна на општината, бидејќи општината е должна на граѓаните јавно да им обезбеди достапност до седниците на советот, според член 8 од Законот за локална самоуправа.

Во соопштението, покрај потребата за директен пренос на седниците на советите, Левица исто така посочува и дека веќе се бара се помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991.

Меѓудругото, се бориме за се’ помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името после неуспешниот Референдум во 2018 е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните!

Поради ова, на денешната седница во Општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на Партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно, со името Република Македонија.

Освен во Општина Штип, свечена изјава со правилното име – Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром!