Егзекутиран главниот сведок против полицајката-убиец во САД

Вчера беше убиен 28 годишниот Џошуа Браун, главниот сведок во судењето за убиството на 31 годишниот Ботам Џин.

Ботам Џин, со чие убиство започнува случајот, беше застрелан во сопствениот стан откако неговата пијана комшивка, Амбер Гајгер, по грешка влегува во неговиот стан, мислејќи дека е нејзиниот, и без размислување го застрелува претпоставувајќи дека провалил, усмртувајќи го. Патем речено, Амбер Гајгер во тој момент е полициски службеник, заколната да „служи и чува“ на граѓаните како Џин.

Како клучен доказ во судскиот процес се покажа токму сведочењето на Џошуа Браун, кој иако можел да го чуе неговиот сосед Џин, не чул никакво предупредување за постапките на пијаната полицајка. Судскиот процес заврши со пресуда во износ од 10 години казна, од која барем 5 затворска пред да биде осудена во можност да бара условна.

За споредба може да го земеме случајот на Мариса Александер. Мариса е црна жена, наспроти белата Гајгер, која беше осудена на дури 20 години затворска казна поради испукување на предупредувачки истрели во самообрана од партнерот кој физички ја малтретирал. Иако никој не загина, ниту пак беше повреден, таа доби дупло поголема казна од убиството кое го изврши Амбер Гајгер. Правна држава.

Затоа е симптоматичен начинот на кој е убиен Џошуа Браун. Имено, тој е застрелан еднаш во устата и двапати во градите – праќајќи порака дека неговото сведочење е тоа што го чинело со живот. Адвокатот на семејството на Џин изјави дека ова е скоро сигурно поврзано со случајот, иако тоа е очигледно.

Како резултат на ова, одбраната, незадоволна од изречената пресуда, иако во САД црнците се осудувани за помали дела на подолги казни, изјави дека ќе ја обжали пресудата. Со смртта на главниот сведок и влејан страв кон идните сведоци, голема е веројатноста и онака кратката казна да се намали.