Слезенковски: Павле Трајанов – привезок на големите партии

  • Пишува: Кирил Слезенковски – член на Централниот комитет при политичката партија Левица

Нека го потсети некој Трајанов дека тој заедно со неговата партија од 2006та година се до 2014та кога е во коалиција заедно со ДПМНЕ освојува континиуирано по 1 пратеничко место на изборните циклуси, а со тоа добива и место во Владата предводена од ДПМНЕ.

Во 2016та година гледа дека не може да остане во коалиција со ДПМНЕ, одлучува да оди на избори со уште 3 помали партии каде доживува дебакал со освоени 10.000 гласови.

Четири години без пратеник во собранието и без високи работни места во владата, одлучува да стапи во коалиција со СДСМ во 2020 година каде повторно освојува 1 пратеничко место.

Три години се дел од власта предводена од СДСМ и освен гласање во собрание и чат-пат по некоја изјава за големата корупција во Македонија ништо друго не видовме од него.

Колку за потсетник, кога беше најпотребно да си замине од власта со цел да се изгласа недоверба на Владата, тој одлучи да остане, а кога забележа дека Алијанса на Албанците ќе си добијат повеќе министерски места и вработувања одлучува да си замине со изговор за корупција, криминал и слично.
Којзнае ли какво размислување имал истиов тип кога бил на власт од 2006 до 2016та година за тогашната корупција, криминал и изборниот законик.

И да, очекувајте да влезе во коалиција со ДПМНЕ на следните парламентарни избори, бидејќи повеќе од тоа – не знаат.