После вакцинацијата, смртноста во Велика Британија намалена 18 пати

Статус на Јован Крајевски, член на Левица.


Ова ќе е малце подолг пост, за работите кои ги приметувам како грешни кога медиуми известуваат за вакцините, не од медицински аспект (пошто во медицината не сум ни на ниво на лаик), туку од статистички аспект:

1. Ефикасноста на вакцините била дискутабилна бидејќи во земјите со повисока стапка на вакцинираност, голем број од хоспитализираните биле вакцинирани.Постои еден многу едноставен феномен: колку повеќе луѓе се вакцинираат, толку повеќе од хоспитализираните ќе бидат вакцинирани. Но, тоа не значи дека вакцината не е ефикасна, бидејќи ефикасна вакцина резултира во намален вкупен број на хоспитализирани, а не во мал број на вакцинирани хоспитализирани во однос на невакцинирани хоспитализирани. За да стане појасно, еве еден прост пример.

Нека секој 1 во 5 луѓе кои се невакцинирани завршуваат во болница од ковид. Нека вакцината 3 пати ја намалува оваа појава т.е. нека секој 1 во 15 луѓе кои се вакцинирани завршуваат во болница од ковид.

Ако од 100 луѓе, 0 се вакцинирани, тогаш хоспитализирани ќе бидат: 20 невакцинирани + 0 вакцинирани = 20.

Ако од 100 луѓе, 30 се вакцинирани, тогаш хоспитализирани ќе бидат: 14 невакцинирани + 2 вакцинирани = 16. (расте бројот на хоспитализирани вакцинирани, а опаѓа бројот на вкупно хоспитализирани)

Ако од 100 луѓе, 75 се вакцинирани, тогаш хоспитализирани ќе бидат: 5 невакцинирани + 5 вакцинирани = 10. (бројот на вакцинирани и невакцинирани хоспитализирани е ист, а вкупниот број е преполовен)

Ако од 100 луѓе, 100 се вакцинирани, тогаш хоспитализирани ќе бидат: 0 невакцинирани + 6 вакцинирани = 6.

Како што ќе расте процентот на вакцинирани, очекувајте повеќе наслови од типот “пола од хоспитализираните се вакцинирани, што правиме сега???”. Ама имајте на ум дека тоа не кажува ништо и споредете дали бројот на хоспитализирани/починати во однос на земји со помал процент на вакцинирани и слична епидемиолошка слика е помал по глава на жител.

2. Ефикасноста на вакцините била дискутабилна бидејќи во Исланд –внеси теза тука–.Исланд е држава со 300 илјади жители и со 30 смртни случаи од ковид од почеток на пандемијата. Во 2021, во Исланд починало само едно лице од ковид. Затоа, Исланд статистички во ниту еден случај не е репрезентативен примерок и секој заклучок врз база на 30 смртни случаи во година и пол е статистички нерелевантен.

3. Ефикасноста на вакцините била дискутабилна бидејќи во Британија бројката на заразени се качи ко на времето од британскиот сој, иако имаат над пола население вакцинирно.Но, истовремено во Британија бројката на смртни случаи е 18 пати пониска од на времето кога беше доминантен британскиот сој и кога не беа вакцинирани. Истовремено и бројот на смртни случаи расте во светот, но не и во Британија (погледни слики).

На крајот на денот, апелот мој (ако воопшто некој би го интересирало што јас апелирам) е сите што немате прележано ковид да се вакцинирате. Не затоа што Филипче така рекол, или затоа што така полесно се патува, или за да ве пуштат на свадби, или за да не заштитите тие што сме вакцинирани, туку за да си ги намалите шансите да бидете хоспитализирани и да спасите живот на некој што ќе заврши во болница од сосема трета работа и нема да има кревет за него пошто вие му го фаќате неговиот (да, знам дека на Филипче му е работа да се замара со ова и звучи ко да ја префрлам вината, ама тој најверојатно ќе биде презафатен со сликање на мотор по планини со Заев дур владата си зима продолжен одмор пред избори, така што на нас ни останува да се замараме.