АктуелноЛокално

Левица: Измените на законот за државјанство не се за усогласување со евтопското законодавство, туку за одржување на владеачкото мнозинство

Владата го пушти Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за државјанство во собраниска процедура со Европско знаменце.

Со измените:се предвидува скратување на периодот за престој на одредена територија со цел стекнување на државјанство со природување;се укинува потребата исленик да го познава македонскиот јазик дококу бара државјанство со природување;

им се овозможува на лица на кои како малолетни им престанало државјанството на Република Македонија со отпуст, да можат повторно да го стекнат тоа право ако до наполнети 25 години живот законски престојувале најмалку една година непрекинато во Република Македонија и ако поднесат барање за повторно стекнување на државјанството на Република Македонија, и се овозможува (По трет пат во нашата историја од 1991 година наваму!) лица кои биле државјани на СФРЈ да се стекнат со македонско државјанство.

Во образложението на законот упатуваат на усогласување со:

1. Конвенција за лица без државјанство од 1954 година

2. Конвенција за намалување на стапката на лица без државјанство од 1961 година

3. Европска конвенција за националност од 1997 година

4. Конвенција на Советот на Европа за одбегнување на без државјанство во однос на државна сукцесија

Конвенцијата за лица без државјанство од 1954 година, во ниту еден свој дел не упатува на промена на постојното закондавство онака како што тоа е предвидено со измените кои Владата ги предлага. Имено, во конвенцијата се уредуваат збирни права на лицата без државјанство и притоа се прави јасна дистинкција во однос на правата на државјаните. Регулирано е правото на брак за кое се предвидува што е можно поповолни услови. Во однос на заштитата на индустриската сопственост, како што се пронајдоци, дизајни или модели, трговски марки, трговски имиња и права на литературни, уметнички и научни дела се предвидува изедначување со останатите граѓани. Исто така се гарантира слободен пристап до Судот, како и што е можно поповолни услови во врска со правото на здружување и заработувачка. Во однос на постапката за натурализација, Конвенцијата бара од земјите пристапнички да вложат напори за истата да може да биде што е можно поекспедитивна односно поедноставена, но никаде не се бара нејзино скратување во смисла на потребниот период на постојан престој. Впрочем, во членот 1 Конвенцијата јасно упатува на дефиницијата за терминот „лица без државјанство“, а такви по оваа дефиниција не се ниту едни од предметните лица опфатени со измените на законот за државјанство. Така ниту иселеник, ниту иселен малолетник кој барал отпуст од македонско државјанство што де факто значи дека морал да има стекнато друго државјанство, ниту државјани на СФРЈ на кои Македонија веќе двапати им даваше шанса (во 1992 и во 2004 година) да стекнат државјанство врз основа на сукцесија, не влегуваат во рамки на таа дефиниција и, дополнително, Законот за неевидентирани лица веќе им го овозможува ова право. Станува збор за генерални измени кои се однесуваат на сите категории луѓе, нема никакво усогласување, сите права на овие лица се обезбедени и гарантирани со други одредби од законот за државјанство и други закони, но апсолутно не со предложените изменети одредби.

Конвенција за намалување на стапката на лица без државјанство од 1961 година, како надополнување на претходната Конвенција, ги доуредува правата и ситуацијата на лицата без државјанство. Имено, во членот 1, Конвенцијата пропишува можност за стекнување на државјанство на лице кое целиот свој живот било без државјанство и истото поднело барање за стекнување државјанство по пат на природување, но под услов лицето постојано да живеело на територијата на државата најмалку 5, а најмногу 10 години до моментот на поднесување на барањето. Ова значи дека и досегашниот закон кој предвидува услов 8 години е во согласност и во рамките на оваа Конвенција и како такво решение, Конвенцијата го одобрува. Дополнително, и оваа Конвенција се однесува на лица без државјанство, односно таа не ги препознава лицата опфатени во измените на законот, па за понуденото законско решение исто така не може да се тврди дека се усогласува со оваа Конвенција. Во претходните два наврати (1992 и 2004 година) на државјаните на СФРЈ им била дадена шанса да поднесат вакви барања кои и Законот и Конвенцијата ги познаваат, но најверојатно тие не ги исполнувале со законски и конвенциски одредби утврдените услови за постојан престој. Дефинитивно тука не станува збор за пропуст на државата, за сега и по трет пат да се дава таква можност, а впрочем доволно е да се видат примерите од соседството, каде во компаративното право на бившите ЈУ-републики ваква можност за стекнување државјанство по пат на сукцесија била давана само еднаш и тоа во периодот на осамостојувањето, а не по цели 30 години независност, што пак е крајно несериозно и налудничаво, ако дополнително се земе во предвид дека постојат институционални можности за исправање на грешките онаму каде можеби настанале при доделување на државјанство.

Европска конвенција за националност од 1997 година, предвидува сет принципи на државјанството и тоа: дека истото не може да биде одземено; дека треба да се избегнува бездржавјанството; дека ниту брак ниту раскинување на брак помеѓу државјанин на држава-членка и странец не може да биде основа за одземање на државјанството; дека ниту промена на националноста од страна на еден од сопружниците за време на брак не влијаат автоматски на државјанството на другиот брачен другар и истите не смее да подлежат на никаква дискриминација. Овие принципи се веќе вградени во нашето законодавство, веќе постојат одредби во Законот за државјанство кои ја уредуваат и забраната за одземање на државјанство, случаите на бездржавјанство се соодветно третирани онака како што налагале двете претходно споменати главни конвенции кои ја уредуваат состојбата на бездржавјанство. Со измените никако не се подобруваат или подобро кажано, не се ни задираат овие принципи и не постои начин измените да можат на било каков начин да значат усогласување со оваа Конвенција кога истата веќе е целосно имплементирана до детаљ.

Конвенција на Советот на Европа за одбегнување на бездржавјанство во однос на државна сукцесија содржи облигаторна одредба која предвидува лицата да можат да стекнат државјанство по пат на сукцесија, ако ВО МОМЕНТОТ НА ДРЖАВНА СУКЦЕСИЈА живееле на територијата на државата наследник или имале ефективна врска со таа држава. Значи, предложените измени ја заобиколуваат оваа одредба од Конвенцијата, бидејќи во измените се предвидува можност за државјанство на жители кои ДО 8 септември 1991 живееле во Македонија, притоа оставајќи широк простор за толкување со замената на зборчето ВО со ДО предвидено во Конвенцијата, кое не е случајно така напишано од врвни правници кои воделе сметка за лицето да може да ја докаже својата ефективна врска т.е дека во моментот на сукцесија живеело во државата наследник, во случајов Македонија, но не да подразбира и лице кое 30 години пред сукцесијата живеело извесен период во државата наследник да може да стекне државјанство. Предложените измени тоа го дозволуваат. Натаму не треба ниту да се дообјаснува оваа Конвенција, бидејќи не може да стане збор за усогласување, кога во самиот старт на воведните конвенциски одредби, измените на законот ја кршат истата.

Сè на сè, дури и лаик по право би можел да ја забележи манипулацијата која СДСМ ја прави со пуштањето на овој рогациски закон во собраниска процедура. Целта е евидентна: да се задоволат барањата на албанските партии кои прават кворум за да може оваа преодна влада да преживее. Тука не станува збор за никакво грижа за граѓаните кои не се државјани, тука не станува збор за грижа за иднината на државата. Вакви манипулативни процеси на сериозни политички субјекти во иднина ќе подлежат на сериозни казнено-правни реперкусии.