Негативни импликации врз Западната економија заради „антируските“ санкции

За тоа што може да се случи доколку Западот воведе лошо смислени санкции за важно руско претпријатие, пример е случајот од април 2018 година. Во овој период, САД воведо забрана за себе и своите сојузници да купуваат алуминиум од руската компанија „РусАл“. Компанијата, со своите 60.000 вработени, ја запре испораката на неговиот главен пазар, Европа. Моментален резултат од ова беше скокот на цената на алуминиумот за 15 проценти. Очигледно, самите американци не очекуваа ваков ефект.

Заради ова, Министерството за финансии на САД беше нападнато од сопствени корпорации, а најмногу од производителот на авиони Боинг. Американците презедоа чекор без преседан и ги укинаа санкциите од РусАл само неколку месеци откако беа наметнати.

Значи, кога се обидувате да пукате во руската економија и несаканите ликови меѓу рускиот „естаблишмент“, куршумот многу често не оди кон целта, туку кон ногата на стрелецот. Зошто? Бидејќи не само Русија, туку и целиот свет зависи од суровинскиот дел на руската економија, кој на Запад најчесто е насочен.

Не случајно досега западните економски санкции, се среќаваат со потешкотии. Ова го прави влијанието на ваквите санкции предвидливо. Како и да е, и сега и тогаш, има предлози за обид да се настапи со поостар курс на дејствување против Русија.

Најскора манифестација на овој вид на делување беше резолуцијата на Европскиот парламент од 28 април 2021 година. Во која се вели: дека доколку руските сили бидат распределени во источна Украина, за напад врз таа земја, „увозот на нафта и гас на ЕУ од Русија треба целосно да се запре“.

Од ова би следувал пораст на цените за нафта во цела Европа. Бидејќи пазарот на нафта е напнат, тешко е да се замисли целосниот степен на последиците од ваквата постапка, вели Еуген Вајнберг, аналитичар за нафта во „Комерцбанк“. На пазарот на нафта, и така секој ден имаше „пад“ од два милиони барели дневно. Ова веќе ги зголеми цените за кратко време за 50 проценти, на повеќе од 75 долари за барел. Доколку се запре увозот од Русија, вториот најголем извозник на нафта во светот, количината на „последици“ на ден би се зголемила за уште 5 милиони барели. Цената може да скокне многу над границата од 100 долари за барел. Во ваква ситуација, Европа би страдала од забрана за руска нафта многу повеќе отколку Русија. Додека Русија може бргу да најде нови купувачи за својата нафта. ЕУ е релно зависна во оваа свера, 26% од увозот на нафта и гас тие обезбедуваат од Русија. 

Со глобализацијата на пазарите, снабдувањето со суровини од Русија до ЕУ доби глобална важност. И не станува збор само за проблемот со енергетските превозници. Меѓусебната зависност се манифестираше со тоа што Русија донесе одлука преку извозни давачки да го намали извозот на одредени видови суровини од земјата почнувајќи од август. Ова ќе се однесува на алуминиум, никел, бакар и челик.

Пазарот веќе реагираше на овие прогнози. Европската цена на алуминиумот скокна за 4,5 проценти од вторникот до четвртокот минатата недела. „Премијата“ е околу 250 американски долати по тон, најголем скок за толку краток временски период од 2016 година.

Уделот на Русија во глобалното производство на алуминиум може да изгледа мал – само 5,8 проценти. Но, нивното производство е второ по големина веднаш за кинеското. Тежината на рускиот удел е дадена од фактот дека Кина, иако обезбедува три петтини од производството на алуминиум, троши најголем дел од своето производство во рамките на своите граници. 

Учеството на Русија во рударството на никел е исто така значајно, со 8,8 проценти од светското производство, Русија зазема важно трето место. Со бакар и челик, улогата на Русија веќе не е толку голема. Но, со злато, Русија е повторно на третото место меѓу производителите. Тежината на Русија е голема и во светското снабдување со пазарот на пченица (Русија е најголем извозник), како и дрва (втор по големина извозник во светот).

Но, онаму каде што улогата на Русија е навистина исклучителна е во екстракција на паладиум. При екстракција на овој минерал, само Норилск никел (Норилски никел) задоволува 40 проценти од глобалната побарувачка. Не случајно главниот акционер на „Норилск никел“, Владимир Потанин, со капитал од 28 милијарди долари, од „Форбс“ беше прогласен за најбогат руски граѓанин во 2019 година. 

Сето ова зависеше и зависи од динамиката на цените на благородните метали. Ова е многу деликатна работа. Некои од овие метали се користат како катализатори во моторите со бензин. Поради скандалите со дизелот, побарувачката за овие катализатори е поголема од кога било. Заради ваквата побарувачка, на Запад не му паѓа на памет да и се заканува на Русија со санкции во оваа област.

Западот сигурно нема да воведе санкции за рускиот извоз на титаниум. Станува збор за многу лесен материјал што го користат најголемите светски производител за на авиони, вклучувајќи го и „Боинг“. Во 2018 година, од одмазда за антируски потег, руската влада размислуваше за одлуката за забрана за извоз на титаниум во САД. Тоа никогаш не се случи, но останува фактот дека САД и земјите на ЕУ, во поглед на овој материјал се премногу зависни, додека Русија оваа опција може да ја искористи било кога.