Добредојде мајко Македонијо во Европа без вeтo, Европа за сите

Говорот на македонските коментатори пред почетокот на мечот повторно ја наежија цела Македонија.

„Добар ден мајко Македонијо. Добредојде во Европа, фудбалската Европа. Европа без вето, Европа на сите. Европа со еден и единствен, веќе потврден и незаборавен датум. Дедовци и баби, татковци и мајки, браќа и сестри, синови и ќерки – Македонија игра на Европско првенство. Ова е натпревар за спортска антологијa, за сите генерации минати, сегашни и идни. Натпревар кој ги обединува сите кои некогаш шутнале фудбалска бубамара, но како прозорец кон светот, парадоксално, во една од најтешките години на човештвото, претставува продолжение на величенствената година за македонскиот фудбал.

За сите фрустрации, за минати и неостварени амбиции и соништа. Драги мои Македонци, ние никогаш не сме биле и нема да бидеме робови, но тие што мислеа дека се наши господари денеска знаат дека сме рамноправни со нив и длабоко во себе се плашат дека не само што сме рамноправни туку и дека ако не тие, нивниот пород кога-тогаш ќе сфати дека некогаш од нас го добиле највредното.

Поуката дека човекот се раѓа за да се љуби. Мајко Македонијо, денеска сакај се себеси, денеска почитувај се себеси, верувај во себе и сеќавај се на тоа што ги учеше! Без оглед на се и после се, ги љубиме сите. Но, ќе размислиме дали да им простиме. Тие можат да бидат сигурни дека нема да заборавиме. Никогаш и за ништо!”