Жестоки реакции против честитката на Обединетото Кралство за Преспанскиот договор
Навршија три години од потпишувањето на квислиншкиот, предавнички договор од Преспа. Дел од државите кои беа иницијатори на овој погубен договор за македонскиот народ одлучија, да упатуваат честитки по овој повод. Како што е редот, во современите дипломатски односи, Твитер е социјална мрежа преку која најчесто служи за ваквите дипломатски гестови.
Но, ваквиот чекор на дел од земјите наиде на жестоки реакции во јавноста и силно спротивставување, што практично е одраз на незадоволството кај македонскиот народ од овој договор. Меѓудругото, на жестока критика наиде честитката од амбасадорката на Обединетото Кралство Ричел Галовеј.
Таа на својот твитер профил напиша: „Денес се одбележува три годишнината од историскиот Преспански договор, пример за добрососедство и соработка што придонесува за мир, стабилност и безбедност во регионот.“
За овој твит речиси и немаше позитивен коментар. Најгоем дел од реакциите алудираа на тоа дека Преспанскиот договор е илегален, фашистички и неприфатлив, потенциран беше и фактот дека овој договор е против човековите права а беше забележано и дека не постои никаква реална соработка произлезена од овој договор.
Во прилог Ви пренесуваме дел од реакциите:
Today marks the 3rd anniversary of the historic Prespa Agreement, an example of good neighbourly cooperation contributing to peace, stability and security in the region.
— Amb Rachel Galloway (@RGallowayUK) June 17, 2021



