АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев: Левица предложи Закон за болничко лекување во корист на сиромашните, а не на богатите

Обраќање на пратеникот, Димитар Апасиев, по повод поднесениот Предлог-закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување од страна на Левица, кадешто ги образложува разликите од Законот, кој го предложи Владата преку министерот Венко Филипче.

Законот се однесува на утврдување на максимални цени за лекување на пациенти кои се лекуваат во приватни болници.
Тука ќе се задржам на неколку пункта кои се однесуваат на разликите помеѓу нашиот закон и законот кој го предложи Владата преку министерот Филипче.

Првата разлика која што се однесува на тоа што, овој закон за разлика од владиниот не е спротивен на членот 55 од Уставот, бидеќи е “лекс специјалис”.
Имено членот 55 од Уставот предвидува дека слободата на пазарот и претприемништвото, може да биде ограничено во услови на загрозено јавно здравје со посебен закон.
Таков посебен закон е токму овој „лекс специјалис” кој ние го предлагаме, и кој во самиот закон ги утврдува цените, односно максималните цени за болничко лекување по принцип на тарифник. Тоа се цени кои од сегашните петнаесет илјади евра, ги намалуваат цените на болничко лекување на пет илјади евра максимално. За разлика од владиниот, е утврдено исто така дека приватните болници, не смеат да земаат капар, депозит или аванс, што е одомаќинето како пракса кај овие болници, и дека доколку лекувањето на пациент од Ковид 19 заврши со смртен исход, наплатената сума пари за приватно лекување, ќе се врати на најблиското семејство на починатиот.
За разлика од владиниот предлог, кој што ова право, наместо на собранието, кое го има  сувереното право да го ограничува пазарот и претприемништвото, и го предлага тоа да го прави Владата, а понатаму и фондот, овој закон стрикно ги утврдува цените со закон, неоставајќи и на Владата тука да оперира и во иднина да се договара со олигарсите и магнатите кои ги држат приватните болници.

Втората разлика од владиниот предлог, е тоа што нашиот закон е номотехники усоглсен со Уставот, и е многу по прецизен, бидејќи се вели дека ќе важи во вондредна, кризна и во состојба на прогласена епидемија, за разлика од владиниот, каде што не  е јасна терминолошката дистинкција помеѓу кризна и епидемиолошка состојба.
Сите овие три состојби се различни, бидејќи вондредна состојба прогласува Собранието, кризна состојба прогласува Владата, додека епидемија прогласува Институтот за јавно здравје, и затоа тие мора да бидат номотехнички одделени, а не како што е во владиниот предлог каде што е измешано и не се знае во која ситуација од овие ќе важи соодветниот закон.
Третата разлика е тоа што овој закон, за разлика од владиниот е во корист на сиромашните, а не во корист на богатите. Зошто? Затоа што има утврдено квота од педесет легла по приватна болница, која што ќе падне на терет на фондот за здравствено осигурување, за разлика од владиниот, кои што само ги регулира цените, со тоа ги ограничува профитите на бизнисмените и на овие сопственици на приватни болници, но не го решава проблемот на мнозинството од граѓаните кои што живеат или со две евра на ден – тоа се половина милион луѓе или со плата од минималец од 250 евра, да претпоставиме дека и двајцата родители се на минималец, тоа е 500 евра. Ќе им треба една година да ги заштедат овие 6000 евра под услов да живеат на воздух во меѓувреме.
Тоа значи дека овој закон кој го предлага Владата, за разлика од нашиот, не ги тангира сиромашните.

И ќе завршам со препораката на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, односно комитетот кој тој го воведува. Според овој пакт кој ние како држава – членка го имаме ратификувано на Обединети Нации и кој е извор на нашето национално право, државата е главниот носител на обврската за заштита на правото на здравје и на јавното здравје. Дел од оваа обврска, државата мора да ја обезбеди во вршење на здравствени услуги, било од јавни било од приватни субјекти, со тоа што се напоменува дека приватните субјекти, во случајов приватните болници, услугите кои тие ги даваат, нема да бидат закана за достапноста, пристапноста и прифатливоста на овие сервиси.
Комитетот вели дека здравствени услуги мора да можат сите да си ги допуштат, а со тој закон гледаме дека тие се недостапни за барем милион од два милиона луѓе.
Исплатата на здравствените услуги, како и услугите поврзани со основни одредници за здравјето, мора да се засноваат на принципот на социјална правичност. Тоа го нуди нашиот закон, притоа обезбедувајќи дека таквите услуги, независно дали се јавни или приватни, мора да можат да си ги допуштат сите, вклучително и социјално обесправените групи. За оваа правичност неопходно е посиромашните домаќинства да не бидат диспропорционално оптоварени со здравствени трошоци, во споредба со побогатите.
Токму од овие причини го предлагаме овој закон по скратена постапка, и сметаме дека ова е доволна аргументација за оправданоста овој закон да помине по скратена постапка, без да има опасност да биде соборен од уставниот суд, како што е владиниот закон.


Видео од собранискиот говор на Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев: