Фронтменот на Пинк Флојд: Израел е држава на Апартхајд
Поранешниот фронтмен на легендарниот рок-бенд, Роџер Вотерс, се обрати до јавноста после ескалацијата на конфликтот помеѓу Палестина и Израел. Изминатиот период, израелскиот суд донесе одлука за иселување на Палестинците од своите домови, под изговор дека тие имоти биле израелски пред 1948 година. Иако ООН го повика Израел да ја повлече одлуката за одземање на палестинските имоти, израелските власти одговорија со силно бомбардирање, при што настрадаа над 30 деца.
Вотерс, кој е познат по својата поддршка за палестинскиот народ, во своето обраќање го прашува претседателот Бајден како може да ја одобрува геноцидната политика на Израел, со која ги иселува Палестинците од своите домови.
Пред неколку месеци, Организацијата „Human rights watch”, го прогласи Израел за апартхајдна држава. Се сеќавате дека некогаш бевме против апартхајдот? Сигурно бевме против апартхајдот во Јужна Африка. Тогаш, зошто не сме и сега против, кога е Израел во прашање?
Ќе започнам кампања за притисок врз ФИФА и УЕФА да бојкотираат натпревари со Израел. Тоа ќе го привлече вниманието на јавноста, како што го привлече вниманието за Јужна Африка. – вели Вотерс во своето обраќање.
Во продолжение песна на Роџер Вотерс, напишана за поддршка на палестинскиот народ.