(Видео) Сликата на последиците од приватизацијата на фабриките на народот

Видео на локалниот огранок на Левица – Битола, како потсетник за последиците од масовната приватизација.


„Живот за богатите, а сиромаштија за работниците се карактеристиките на приватизацијата која започна во 1989 година.
Масовни отпуштања од работа, намалени плати и повеќе од 10,000 работници оставени на улица без основна егзистенција.
Овие руинирани градби се еден лош спомен за битолчани.

Никогаш нема да ги заборавиме оние’ кои ја уништија работничката класа, кои се’ уште се присутни и фигурираат во политиката.
Со секоја претходна власт низ годините, Битола сé повеќе се пустоши.
Во вакви транзициски околности, песимизмот стана состојба на нашата генерација. Новите генерации не ја препознаваат Битола како дел од нивната иднина.
Време е да се слушне крикот на незадоволството кај народот. Младите не простуваат, ние децата на транзицијата доаѓаме по своето.”