Левица – ЛО Битола засади дрвца на местото на уништениот дрворед на “Рузвелтова”

Активистите на Локалниот Огранок на Левица – Битола, ревотирани од уништеното урбано зеленило во центарот на градот од страна на градоначалничката Наташа Петровска, денес засадија дрвца на улица “Рузвелтова”, каде што беше уништен дрворедот, и испратија неколку пораки со транспаренти.


„Денес дел од активистите на Левица – Битола, организираа акција на улица “Рузвелтова” со засадување на дрвца на местото на уништениот дрворед од страна на општината од кадешто испратија неколку пораки со транспаренти.

Зелените површини и урбаниот простор не смеат да бидат предмет на градежно силување.
За жал, штетата која е направена од градоначалничката Наташа Петровска е тешко поправлива.
Да не дозволиме ова зло да се повтори во иднина!

Битолчани не забораваат!“


Денес дел од активистите на Левица – Битола, организираа акција на улица "Рузвелтова" со засадување на дрвца на местото…

Posted by Левица – Битола on Saturday, May 8, 2021