АктуелноЛокално

На светскиот ден на книгата стигнавме Царовска да укинува учебници

Не стивнуваат реакциите за најавеното укинување на учебници од четврто одделение, проект кој ќе се имплементира од учебната 2021 година. Министерската Царовска најави дека училиштата ќе се должни да обезбедат печатени учебници за оние деца кои не можат да си дозволат дигитално учење. Се поставува прашањето како самите училишта ќе се справат со овој предизвик, со оглед на фактот дека најголем дел од општините се во долгови, а во голем дел од училиштата нема ни услови за соодветна настава.

Иако јавноста жестоко се спротистави дека ваквите реформи се избрзани, Царовска не ретерира од своите намери, како што се покажа и во случајот со новата Концепција.