Се образуваат само оние кои имаат пари да им овозможат на своите деца компјутер и брз интернет

Статус на Марко Виденовиќ.


Нашево ново образование, без книги со компјутери, му доаѓа исто како и новава фудбалска Супер лига за која цел свет зборува и врие. Со новиот закон за образование кој ни го навлекуваат како најлон врз глава, ќе можат да се образуваат само оние кои имаат пари за да им овозможат на своите деца компјутер и брз интернет, впрочем што е исто како и во новата фудбалска супер лига каде што ќе учествуваат само оние кои имаат многу пари, при тоа нема да е ниту важно кој ќе победи, бидејќи следната година учеството им е загарантирано на истите учесници.

Разликата помеѓу нас и светот е што, светот масовно се побуни против погубувањето на фудбалот, а ние во оваа безимена земја, молчејќи по којзнае кој пат се помиривме со погубувањето на уште една клучна алка во ова какво такво општество. Без алки се одделуваме едни од други и кога веќе не ќе бидеме синџир, ќе бидеме спремни за топење во врел оган, а потоа од таа врела смеса ќе излеат еден голем нокшир. Јас би да сме синџир, па нека е и сиот со р’ѓа, но кога ќе удри по крадливи раце, да крши смрдливи коски научени да крадат и грабаат.

Не е време за откажување бидејќи направија:

-Здравјето да е за богати

-Спортот да е за богати

-Образованието да е за богати

-Културата да е за богати

И така листата ќе ја продолжуваат додека нѐ замајуваат и хипнотизираат со топло/ладни секојдневни вести. Добра ноќ со надеж за помудро утро исполнето со прогледани луѓе.

Нашево ново образование, без книги со комојутери, му доаѓа исто како и новава фудбалска Супер лига за која цел свет…

Posted by Зборови Марко Виденовиќ on Tuesday, 20 April 2021