Во Прилеп денес започнува 16-тата поетска манифестација „Поетско Маркукуле“

Во Прилеп денеска ќе се одржи 16. издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“ со учество на поети од 14 земји од земјава, регионот и пошироко.

На годинашната манифестација пријавени се 220 учесници кои претходно ги испратија своите авторски творби што се дел од зборникот „Петско Маркукуле 2023“.

На 268-те страници од зборникот објавени се 220 песни, во најголем дел од поети од земјава и Прилеп како домаќин на оваа традиционална меѓународна поетска манифестација. Авторите се поделени во три категории – домашни автори, странски и автори од дијаспората и млади автори до 18 години. Од странските земји учествуваат автори од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Австралија, Германија, Бугарија, Турција, Ерменија, Полска, Украина и од Канада.

На настанот, што ќе почне во 18 часот на Камената бина во центарот на Прилеп, се очекува да присуствуваат околу 150 учесници, а од странските автори, своето присуство го потврдија најмалку 13 учесници.