Крмов: ВМРО-ДПМНЕ свесно не ја стави погрешната методологија за пописот на маса

Не зависи само од премиерот Заев и СДСМ, во огромен дел многу од работитево оваа држава зависат и од ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето е: Ако нивните пратеници, сите ама апсолутно сите, и тоа многу издржано ја напаѓаа методологијата и го напаѓаа законот, зошто тој дел не беше ставен на маса, на таа средба кај што беа Заев и Мицкоски?

Ние имаме ситуација кај што власта беше фрлена на колена. Од луѓе што се вклучени во целиот процес, ние имавме дојави дека поголем дел од софтверот не им работи. Тие беа во таква ситуација што од една страна ги чека бојкот, од друга страна имаат огромен пик на заразени, од трета страна огромен дел од компјутерите не им работат. И во таа ситуација Заев беше спремен да прифати сѐ. ВМРО-ДПМНЕ свесно не ја стави методологијата на маса, но вели дека нема да прифати попис кој не е правен по методологијата на ЕУРОСТАТ и ОН.

Тоа мораше да се најде во законот и тие делови кои што не беа мораше да се исфрлат од законот, а не да се остави тотално неевропски закон. Ваков закон во ниедна држава што прави попис нема, а ние се повикуваме на методологијата на ЕУРОСТАТ и ОН која е тргната на страна. Нашите министри кои што го туркаат овој процес нелегално, посебно од ДУИ на некој начин се во право затоа што се повикуваат на законот, недостатоците се таму. Но, тие се повикуваат на законот. Тие измени можеа уште сега да се случат, но не се случија, единствено што беше ставено беше одложување и ништо повеќе.“, рече Борислав Крмов на гостувањето во „Само Вистина”