Мојсоска: Дали Дардишта е одговорен за фалсификат на изводи?

Деновиве беше објавен ревизорскиот извештај на Управата за водење матични книги, каде директор е Бујар Дардишта. Во реализираната ревизија бил констатиран кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп. Односно, ДЗР утврдил дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси, а Управата за водење на матичните книги не водела ниту материјална евиденција за набавените и издадените изводи по сериски број.

За овој случај реагираше и членот на Президиумот на Левица – Јована Мојсоска, која напиша дека во конкретниот случај има индиции за фалсификат на лични карти.

Со Управата за водење матични книги раководи Бујар Дардишта. Оваа институција издала речиси 95.000 изводи без никаква евиденција, ниту наплата на административна такса – со што директно го оштетила државниот буџет.

Овој скандал се случува година дена пред најавениот попис, за кој токму од партијата на Дардишта насилнички се борат да се попишува родено и неродено (изјавата на Арбер Адеми дека ќе се попишуваат и неродените деца во странство.) Што значи, покрај штетата врз буџетот, има сериозни индиции за намерен ФАЛСИФИКАТ.

Дополнително, истата Управа додели дигитализација на матичните книги на фирма регистрирана само пред ТРИ МЕСЕЦИ (?!), односно пристап до сите ваши лични податоци ќе има приватна фирма без никакво претходно искуство, ниту пак е позната на јавноста компетентноста на фирмата за вршење ваква специфична и сензитивна дејност. Доколку Љупчо Николовски заврши со броењето чаши води, вниманието може да го пренасочи кон работењето на неговиот коалиционен партнер Дардишта – за да не не’ прелажи повторно перцепцијата.” – напиша Мојсоска на својот профил.

Со Управата за водење матични книги раководи Бујар Дардишта. Оваа институција издала речиси 95.000 изводи без никаква…

Posted by Јована Мојсоска on Friday, 9 April 2021