[Видео] Спортски коментар на 30-годишната политичка игра

Метафора за политичката игра преку хумор и сатира, низ спортски коментар, забава за широките народни маси, ем столици,богами и КОЊопои.

Да се насмееме и по некоја солза да пуштиме. Надреално, а толку реално точно, како што играат СДС и ДПМНЕ изминатите 30 години, преку коментарот на Атанас и Тино, во најновото издание на Златна Бубамара. Слушнете за меѓународната политика на Никиликс кој го менува дресот и не игра ниту за едните, ниту за другите – туку се продава скапо за странците; за Пајо како ја снема линијата; за нетранспарентната игра и судиите кои се оќорени од пари и за автоголовите на капитенот Зоки.