Исмаил: УСАИД ја отпочна „програмата“ за либерализацијата на пазарот на електричната енергија во Македонија

  • Статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиум на Левица.

„Ова беше завршен настан од проектот почнат уште во времето на Анѓушев, преку кој со “помош” на УСАИД отпочна “програма” за либерализацијата на пазарот на електричната енергија. Проектот заврши во Октомври оваа година, министерот се пофали дека Македонија е прва и најуспешна… во спороведување на приватни и странски агенди на штета на својот народ.

Денеска помалку ги осеќаме, а во иднина допрва целосно ќе ги уживам “придобивките” од оваа “успешно имплементирана политика”. Тоа е се што треба да знаете за либерализацијата, меѓународната “отвореност” и “интегрираност” на Македонија и придобивките од сето тоа – секој ден се повеќе ги жнееме плодовите на нашата вазалска позиција и широкоградност кон империјалистичките интереси на Балканот.“