Родина: Бојкотирам фалсификат, етноцид и ширење зараза
Соопштение на политичката партија Родина.
Почитувани Македонци (по род, државјанство и самоопределба), Слободно бојкотирајте го фалсификатот!
Приклучете се кон општата и сѐ македонска иницијатива #НеОтварамВрата. Иницијативата е за ваше добро, за доброто на вашето семејство и општото добро на Македонија. Кажете и направете нешто добро за Македонија.
Помогнете ѝ на #РодинаМакедонија Најнапред да ја одбрани, а потоа и да ја врати Македонија на Македонците.
Одберете си и слободно споделете ги постерите на Родина Македонија или некој неутрален постер кој ќе ви се допадне. Споделете на вашиот ѕид, приказна, со пријателите или групи во кои членувате. Сега и во иднина. Помогнете на ширењето на вистината и правдата во Македонија.
Запомнете тие блефираат без покритие. Тие (хунтата) ќе одговараат кривично. Слободно #НеОтворајВрата. Според уставот на Р.Македонија, но и според многу меѓународни конвенции НЕПОВРЕДЛИВОСТА НА ДОМОТ Е ГАРАНТИРАНА. Никој никогаш не може да ве натера со сила да отворите или да ве казни поради тоа!
Смрт на фашизмот-Слобода на народот
Македонија на Македонците!