Ако во СФРЈ работникот беше на прво место – денес на него се гледа како на потрошен елемент во процесот на остварување на профит
Статус на Тодор Кацаров – член на Црвена Младина.
Во последните триесет години, односно од осамостојувањето на Република Македонија од бивша Југославија и воведувањето на пазарната економија, како и отпочнувањето на процесот на транзиција, дојде до целосно уништување на македонското стопанство, како и животот и приходите на работниците.
Ако во СФРЈ работникот беше на прво место и неговата добросостојба, денес на него се гледа како на потрошен и лесно заменлив елемент во процесот на остварување на профит. Во процесот на транзиција, во кој се приватизираа производните капацитети под наративот дека “државата не е добар газда” , илјадници работници останаа без работа – додека во овој пренос бившите директори на овие претпријатија (денес нивни горди сопственици) енормно се збогатија на грбот на истите тие работници, кои неколку децении со сопствен труд ги градеа овие претпријатија. Ваков беше случајот со Скопска Пивара, Железара, Гранит како и многу други претпријатија, кои се приватизираа во процесот на транзиција.
Денес, оваа група на новопечени олигарси имаат големо влијание на политички процеси во Македонија. Досега, сите премиери на Република Македонија (со исклучок на Никола Кљусев во чие време почна да се креира оваа олигархија) пред да дојдат на власт се заколнаа дека ќе ги чуваат и штитат. Ова мора да запре – не само нивното во политиката, туку и експлоатацијата на работниците кои ги доведоа на работ на егзистенција. Овие луѓе мора да застанат пред лицето на правдата – само така работникот ќе си го врати угледното место во општеството кое му припаѓа.
Во последните триесет години односно од осамостојувањето на Република Македонија од бивша Југославија и воведувањето на…
Posted by Црвена Младина on Sunday, 14 March 2021