АктуелноЛокалноСтав

Внесувањето на етничка припадност е ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија!

Членот на Президиумот на Левица – Хактан Реџеп Исмаил се обрати до пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во однос на поддршката на предлогот на Беса.


Прво, може ли некој таму од постарите да му објасни на пратеникот Бране дека НАЦИОНАЛНОСТ и ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ се две различни нешта! Второ, дека лажно тврди оти пратениците на Левица се против да стои “македонец/македонка” во личната карти.

НЕ Бране не е така, ТУКУ Левица е против да воопшто стои етничка припадност, а не како што си пишал “само македонец/македонка.” Имено, поради тоа што ваквиот чин ќе покаже поделеност на нацијата по етникуми, односно ќе значи ДЕЈТОНИЗАЦИЈА.

И на крај, престанете да манипулирате со вашето членство (оти само они уште не се чудат на ваквата лудост) и објаснете му дека предлог Законот не предвидува тоа што вие сакате со еден амандман да го постигнете, односно не предвидува некористење на придавката според Преспанскиот. Па токму оттаму Антонио се моли бар 5 години да не сме биле обврзани да ја користиме придавката…Хахха првиве 5 демек после ке се навикнеме а?!”