За да купиш трговски центар……

  • Фејсбук статус на Александар Димитриевиќ – координатор на Трудов сектор на Политичката Партија Левица

За да си купиш трговски центар како бизнис модел, економистите и тие што се занимаваат со деловно право знаат дека прво треба да направиш due diligence и ревизорски извештај што ќе те чини најмалку 20-30.000 евра.

После треба да направиш бизнис план за да ја убедиш банката дека парите што ги дава за ваков деловен потфат ќе можеш да ги вратиш од приходите кои ќе ги оствариш со работењето. Со ниеден бизнис план неможеш да ја убедиш банката да ти даде кредитна линија од 6 милиони евра за да купиш трговски кој веќе има долг од 20 милони евра и тоа направен од неговата нерентабилност и неисплатливост.

Да било исплатливо работењето на трговскиот немало да западне во толкави долгови.

Оваа приказна за вакви купувања кои бизнис гуруата ги нарекуваат passive income вообичаено оставаат некого со “кратки ногавици”…