Граѓаните се жалат на нетранспарентно работење од инспекциските служби

  • Реакција на Левица – Куманово

Согласно Законот за инспекциски надзор, Државниот инспекторат има обврска своите акти задолжително да ги објави веб-страницата на инспекциската служба, најдоцна пет дена од денот на нивното донесување.

Оваа законска обврска инспекциските служиби, практично и воопшто не ја спроведуваат, транспарентноста на инспекторатите е на исклучително ниско ниво, додека граѓаните се соочуваат со проблем да не можат да ги добијат документите кои им се потребни.

По бројни поплаки од граѓаните, ЛО – Левица Куманово, побара од Општината, да ја исполни оваа законска обврска, со што ќе креира официјална интернет страница на инспекциските служби, на која ќе бидат објавувани овие јавни информации (инспекциски акти, извештаи, програми и други релевантни документи) во врска со извршените инспекциски надзори.

ЛО Левица – Куманово ги повикува надлежните институции да го почитуваат начелото на транспарентност со цел да се намали индивидуалистичкото однесување на инспекторите кое честопати е злоупотребувано! Воедно, ги охрабруваме и граѓаните кои се соочуваат со вакови проблеми да ги пријавуваат до надлежните институции.