Николов: Немам ништо против да се изучува бугарскиот јазик во штипските училишта
Градоначалникот на Штип Сашко Николов вели дека, во духот на добрососедството нема ништо против да се изучува факултативно бугарскиот јазик во штипските училишта.
Тој дал ваков предлог и до бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кој денеска беше во посета на градот на пријателска средба како што ја нарече градоначалникот Николов.
Се разговарало за тековни проекти со меѓугранична соработка, локалниот економски развој, планинскиот регион и за идни проекти како дополнителна помош, инвестиција и иновација во образовниот систем во Штип, па и за збратимување на општини кои се од суштинско значење за Штип, вели Николов.