Крмов напиша како ќе се фалсификува пописот!

„Методологијата на ФАЛСИФИКУВАЊЕ на пописот би одела на овој начин:

Според дефиницијата за „вкупно резидентно население“ алинеа 3 за да бидете попишани како такви потребно е да исполнувате 3 критериуми: да имате државјанство на РМ, да имате „место на живеење“ и престојот во странство (ако го имате) да ви е помал од 12 месеци.

По оваа дефиниција, ако само еднаш некој гастарбајтер дошол на гости во државава минатите 12 месеци ќе можат легално да го попишат како присутен и да го бројат. Категоријата „место на живеење“ е целосна ИЗМИСЛИЦА не е по никаков стандард по Евростат и ООН, во ниеден друг закон за попис нема да ја најдете, само во нашиот. Намерно е неодредена баш за оваа намена. Не се бара работа или имотен лист, на пример ,за да бидете попишани како резиденти, туку се бара „намера“ постојано да живеете во некое населено место. А тоа може и ќе си го толкуваат како сакаат.

Раширете народот мора да знае!” – напиша пратеникот на Левица на својот фејсбук профил.