Марија Антоанета со предизборна порака за народот

Статус на Виолета Аврамоска – член на Централен Комитет на Левица.


„Министерката за труд и социјална политика, постојано во стилот на Марија Антоанета,( впрочем како и сите функционери на СДСМ, дрски, арогантни и без трошка срам) претпоставувам пред избори, му испратила порака на народот да јаде по 2 кг. месо на три месеци. Се чини дека мисли за враќањето на ДДВ од фискалните сметки. За жал поданиците на СДСМ не ја разбрале Шахпаска и не им е јасно кој колку добива од враќањето на ДДВ и дека и тука се привилегирани само богатите. Додека сиромашните, точно, како што кажа Шахпаска, ќе јадат месо на секои три месеци, односно само на празници. Неисе, слепите поданици не можат да видат дека царот е гол.

Госпоѓо министерке, наместо да ги давате вашите легендарни изјави од типот „ако немате за леб, јадете колачи” ,не мислите ли дека е веќе време да се зафатите со сериозни социјални реформи и мерки за намалување на сиромаштијата? Народот е толку осиромашен што веќе нема ни за леб, а да не спомнуваме месо. Во периодот од вашето министерување, да ве потсетам, илјадници работници останаа без работа, илјадници семејства останаа без егзистенција, илјадници деца не можат да следат настава. Погледнете ги социјалните мрежи , секојдневно се споделуваат апели за помош, за болни деца, за луѓе заборавени од системот и од државата, гладни и без покрив над главата. Овој, до коска осиромашен народ, поттикнат од хуманитарните организации, донира помош на сите на кои им е потребна.

Ако улогата на вашето министерство ја презеле хуманитарните организации, тогаш ве прашувам, зошто ни е потребно Министерството за труд и социјална политика и вие како министер? Зарем само за да ја плаќаме гломазната и нефункционална администрација? За да им овозможуваме на трите големи партии- агенции за вработување да си ги вработуваат своите членови? Госпоѓо министерке Шахпаска, излезете од својот розов буржујски сон и погледнете го реалниот живот во Р. Македонија. Народот ви тоне во сиромаштија!”

Деновиве на социјалните мрежи масовно се споделува говор од изборната кампања од актуелната министерка за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска, каде во обид да ги промовоира владините политики, изнесува тврдење дека „семејствата на секои три месеци добиваат 500 денари што е две килограми месо и голема помош за домаќинките”.