Прв ден како министер, Бочварски со тендер за фирмата на таткото
Блиски роднини на министерот за транспорт и врски Бочварски добија тендер во Штип. Бочварски е избран за министер на 31 август, а фирмата Де Лукс ДОО веќе наредниот ден добива тендер од општина Штип.
Според документите, на 1-ви септември општина Штип склучила Договор со фирмата која е во сопственост на таткото и вујкото на Бочварски.
Ова укажува дека одлуката за тендерот била донесена додека Бочварски бил градоначалник на Штип. Дали постои судир на интереси во овој случај допрва ќе треба да утврди Антикорупциската комисија.