[Видео] Тргната сликата на Гуаидо во венецуелската амбасада во Боливија

После 11 месеци од воспоставувањето воена диктатура во Боливија поддржана од САД, власта во Боливија повторно ја презеде партијата на протераниот Ево Моралес. Новиот претседател Луис Арке од „Движење кон социјализам” најави обновување на односите со Венецуела и претседателот Мадуро, кои беа прекинати од претходната влада која го призна самоназначениот Хуан Гуаидо. 

Во таа насока, повеќе официјални претставници на Владата на Мадуро беа поканети да присуствуваат на свечената заклетва на новиот боливиски претседател. На социјалните мрежи беше објавено видео како министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза, во посета на венецуелската амбасада во Боливија го симнува портретот на самопрогласениот венецуелски претседател Хуан Гуаидо. На негово место министерот постави портрет на венецуелскиот револуционер против европскиот и американскиот колонијализам – Симон Боливар.

Ваквиот потег може да се смета за пораз на американскиот интервенционизам во Латинска Америка, кој откако не успеа да го тргне од власт претседателот Мадуро, после само 11 месеци ја изгуби и власта во Боливија. Минатата година ескалира состојбата во Венецуела, при што и тогашниот министер Димитров објави дека „за Македонија, Гуаидо е привремен претседател на Венецуела.”