Џабир Дерала – ликот на македонскиот новинарски слешер

Совеста може да биде гигант, тогаш го имаме Сократ и Исус, и таа може да биде кепец, тогаш го имаме Антре и Јуда. Ситната совест на Дерала брзо станува лазач. Широките хоризонти ја водат душата кон општи идеи, а тесните хоризонти раѓаат делумни идеи, и поради тоа понекогаш големите души се осудени да бидат ситни умови. Доказ Џабир Дерала. Во омразата на Апасиев кон делумните идеи се состои борбата на напредокот кон општите идеи. Работник, татковина, тие два збора ја содржат целата војна на Левица, тоа е расправија на општата идеја против ситнобуржоаската идеја, патриоти против медиокритети.

Дерала се родил врзан. Предрасудите се синџири, тој не успеал да ги симне тие окови, што ќе му овозможело да расте слободно и од една мумија да постане дете. Наместо едно дете, постанал наказа без свест. Тој е само ситнобуржоаски сикофант. Во античка Атина професионалец што ги тужел луѓето и со тоа заработувал пари. Со еден збор: кодош. Дерала го гледа само правото. А Апасиев гледа повисоко. А што има над правото? Правината.

Дерала бара задолжителен ветинг за судиите. А Апасиев не сака судии. Тој сака социјален мир. Дерала сака да се помагаат (да им се дава опиум) на сиромасите, а Апасиев сака да се уништи сиромаштијата. Дерала сака сразмерен данок. Апасиев не сака никаков данок. Апасиев сака заеднички расходи сведени на најмала мера, што ќе се плаќаат од вишокот на општествените приходи. Пред сè, треба да се уништи паразитизмот. Паразитизмот на судијата, паразитизмот на партискиот војник. Еве ја разликата меѓу утопиите на Дерала и Апасиев.

Дерала сонува за човекот војник кој гине на империјалстичките боишта, а Апасиев сонува за човекот граѓанин кој не може да има исклучиво само еден круг дејности туку може да се изгради во која и да сака гранка на дејност, кога општеството управува со општото производство и токму со тоа овозможува денес да работиме ова, а утре она, наутро да ловам, попладне да рибарам, навечер да сточарам, по вечерата да критикувам, според моето задоволство, а затоа да не станам ловец, рибар, сточар или критичар. Дерала поддржува република на империјалистички мечови, Апасиев сака да основа република на умовите.

Затоа Апасиев е таков „насилник на социјалните мрежи и во студентските слушални, црнокошулаш…“ затоа што тој е бура. Бурата секогаш знае што прави. За еден даб што ќе го погоди гром, ќе се подмладат цели шуми! Македонската нација е фатена од чума, овој голем ветар – Левица – ќе ја ослободи од неа. Апасиев можеби не пребира многу кој ќе критикува. Но, може ли да прави поинаку? Тој е задолжен да ве исчисти безмилосно! Пред ужасот на вашата зараза, јас го разбирам бесот на ветрот на „децата на транзицијата“. Најпосле, што ни е грижа за бурата, кога имаме компас на социјализмот и што ни е грижа за последиците, кога си ја имаме совеста. Има некој што треба секогаш да се остави да си ја тера работата – на народен трибун.

Целта на Апасиев и Левица е да создадат општество поголемо од природата. Дерала што ќе ви е вам општеството? Вам како ситнобуржоаски кодош ви годи да останете во оваа природна состојба на класна војна на сите против сите. Вам ви одговара да бидете дивјак. Македонската влада и парламент е вистински рај. Само, во тој ваш рај не се мисли. Повеќе вреди еден умен пекол што ви го наметнува Левица отколку еден глупав рај на сигурност од членство на републиката во империјалистичка орда од организација како што е НАТО, светиот грал на вашата мрачна идеологија. Во вашите очи Левица е ултранационалистичка токму затоа што не прифаќа да се „храни“ од овој ваш пеколен грал кој толку ви е свет. Левица не сака од Македонија да биде касарна на НАТО туку човечко општество. Поголемо од природата во која секој води војна против секого. Вие Дерала не сакате Македонците да излезат од природата, бидејќи сакате тие да останат глупави работници, наместо да бидат умни матици.

Вие сте дволични Дерала, од една страна сакате да има повеќе партии, а од друга страна ви смета постоењето на Левица. Злобно навивате за материјално осиромашување на оваа партија, иако заборавате дека Левица нема да погине затоа што е симбол на цивилизацијата и заштитник на прогресот на правата на работниците. Во ред е човек да не сака повеќе партии, да нема повеќе робови, да нема повеќе робијаши, да нема повеќе осуденици, но вие сте дволичен што посакувате плурализам без слобода на духот, без равенство на срцето, без братство на душата.

Левица отворено ви вели: Не, никако повеќе класен и империјалистички јарем! Македонската нација не е создадена за да влече синџири, туку да си ги шири крилјата. Да нема повеќе човек лазач како Џабир Дерала. Левица е радикална партија во вашите очи затоа што се бори ларвата да се претвори во пеперуга така што работничката класа ќе стане КЛАСА не само по себе туку и ЗА СЕБЕ. Левица е ултрационалистичка партија во вашите очи затоа што се бори црвот да се претвори во живо цвеќе така што македонската нација ќе стане НАЦИЈА не само по себе туку и ЗА СЕБЕ.

Од говорницата на македонскиот парламент, Апасиев изрече доста зборови од кои на Дерала му се замајува главата, кои го имаат понекогаш, и без знаењето на оној што ги изговара, пророчкиот акцент на социјалната револуција. Така во планината е доволен еден глас за да ја урне снежната соспа. Еден збор повеќе може да предизвика едно струполување. Апасиев ги знае интригантите, ги знае поткупувачите и поткупените, ги знае предавниците, кога зборува дека Шарената револуција беше предадена, тие предавници се во ова собрание. Тие сега ги слушаат, а Апасиев и Крмов ги гледаат и не си ги иставаат очите од нив. Парламентарното мнозинство нека погледне над својата глава, и тие ќе го видат мечот на законот. Нека погледнат во својата совест, и ќе ја видат таму својата гадост. Нека се вардат, затоа што народот веќе има свои два трибуна во парламентот!

Колку е гадна совеста на Џабир Дерала, толку гадна што и самиот не сака да погледне во својата совест, се гледа од контрадикцијата во која запаѓа со својата логореја од лаги и клевети против Апасиев и Левица, кога потпирајќи се на „искреноста“ на Јанко Бачев, тврди дека Левица била „формирана од ВМРО-ДПМНЕ“, а погоре во истиот параграф овој лик на македонскиот новинарски слешер тврди дека основачите на Левица биле „вистински левоориентирани интелектуалци и активисти“.

„Варварските“ Индијанци имаат кажано: „Зборот е како стрела, кога ќе го пуштиш тој не се враќа назад“. Може некој да биде и „варвар“ како Апасиев ама да биде попаметен од секој „цивилизиран“ како Дерала. Глупаците како овој лик на македонскиот новинарски слешер немаат рогови за да се видат. Тие се познаваат по зборовите.

Микробите во Дерала го тераат да гнете и да има мев потежок од нормалното – што му ја ангажира сета крв за варење и голема нужда па не ме чуди што нема доволно крв за логичко мислење за сопствените логореи. За разлика од него, по својата професија „ситниот“ Апасиев е јавен чувар, неуморен разобличувач на властодршците, сеприсутно око, сеприсутна уста на народниот дух кој љубоморно му ја чува неговата слобода.

Статус на Томислав Захов превземен од facebook.