Белешки за Републиката на Жан Пол Мара – пријателот на народот

Кога еднаш Република е расипана/корумпирана, отпосле, не постои можност за санирање на растечките зла кои почнуваат да ја надвјасуваат во секој поглед и на секое поле. Таа може да биде спасена само со отстранување на главите на корумпираните и радикално враќање кон нејзините изгубени принципи; секоја друга исправка е бескорисна или најчесто ново зло.

Но вие, другари мои и искрени патриоти, бидете мудри, истрајни и компактни и пазете се; оти во република како нашава, каде владее просечноста, генијалноста е опасна! Нека не’ ве залажуваат кога татковски ве тапкаат по рамо и ви велат дека не постои нееднаквост за која вреди да се зборува и повеќе нема причина за борба; бидејќи ако им поверувате, тие ќе бидат опседнати и под контрола на нивните мермерни домови и банки гранитни, од каде го крадат светот на луѓето, под изговор дека им носат култура. Внимавајте, оти штом им се роди потреба, ќе ве испратат да го штитите нивното богатство и да им придонесете кон многу повеќе со тоа што ќе поробите други народи далеку од вашите колиби. Народот никогаш доброволно не се покорува на моќта, освен кога верува дека тоа е негова должност или кога не е во можност да и’ се спротивстави. Оттука, во новооснована или реформирана држава, субјектите не се наоѓаат одеднаш поробени, колку и да е несовршен конститутивниот акт на републиката.