Рудниците на смртта се заеднички проект на СДС и ДПНЕ (во коалиција со ДОМ)

Рудниците на смртта се заеднички проект на СДС и ДПМНЕ во коалиција со ДОМ. Доказ за тоа е фактот што одлуките за концесиите за рудникот во Иловица се потпишани два пати, еднаш во 2004 за време на владеењето на СДС и вторпат во 2012 за време на владеењето на ВМРО – ДПНЕ (документите се прикажани подолу). 

Одлуката за давање концесија за рудникот во Иловица e потпишана на 4 мај 2004 година од страна на Радмила Шеќеринска. Истата е објавена во Службен весник бр 30, од 11 мај 2004 година. Втора одлука за доделување на концесии за рудникот во Иловица, е потпишана во 2012 година од Зоран Ставревски тогаш заменик на Претседателот на Владата. Одлуката е објавена во 81от број на Службен Весник на 28 јуни.

Во целиот овој период, ДОМ на чело со Лилјана Поповска, биле дел од власта. И покрај механизмите на нивно располагање, тие не презедоа апсолутно ништо да ја спречат оваа еколошка катастрофа и кражба на национални богатства. Напротив, активно работеа и работат на разводнување на автентичниот отпор против рудниците. 

Владата, заедно со ДОМ, ги помина изминатите 3 години во префлање на проблемот со рудниците од една институција во друга, со цел истиот да биде заглавен во бирократските лавиринти, а тие да избегнат одговорност. Таков е примерот со последната одлука на Управниот суд донесена на 31 март во полза на „Еуромакс“ за рудникот Иловица. Ова покажува дека се’ додека моќта на одлучување е во рацете на бизнис – ориентирани партии и претставници на капиталот, интересите на обичниот народ ќе бидат маргинализирани во име на профитот. 

Изградбата на рудниците се претставува како економско решение за невработеност и сиромаштија. Но, ова е само одраз на неолибералната пазарна анархија, која создава хаос во економијата, за да го разграби заедничкото за профит на малкумина. Економскиот потенцијал на нашата држава може да се оствари на одржлив и правичен начин. Наместо брз профит за малкумина од токсична експлоатација на руди, возможни се алтернативни, одржливи модели за економски развој, како на пример органско земјоделство, алтернативен туризам и развој на нови индустрии (како на пример индустријата за медицински канабис). Држава која работи на лоцирање на продуктивни и одржливи економски модели, може да го планира и координира нивниот развој, за истиот да создаде нови работни места и нови можности кои се во прилог на народот а не на малкумина корумпирани елити.  

Ваквиот пристап е евидентен единствено во изборната програма на Левица, која предвидува национализација на сите природни богатства кои изминатите години се дадени на концесија, вклучувајќи ги тука и водните ресурси за кои предвидуваме да станат и уставна категорија. Дополнително, сите постапки за доделување на концесии за рудници ќе бидат запрени, а ќе се направи ревизија и на сите досега издадени дозволи за руди и други природни богатства. Ставот на Левица е дека националното богатство мора да биде јавно, односно државно. Секое негово распродавање на странски и/или домашен приватен капитал претставува чин на загрозување на националиот интегритет и територијален суверенитет, и таквите политики треба да бидат најостро казнети.

Одлуката за давање концесија за рудникот во Иловица потпишана на 4 мај 2004 година од страна на Радмила Шеќеринска, објавен во Службен весник бр 30, од 11 мај 2004 година.

Втора одлука за доделување на концесии за рудникот во Иловица, е потпишана во 2012 година од Зоран Ставревски тогаш заменик на Претседателот на Владата. Одлуката е објавена во 81от број на Службен Весник на 28 јуни.