21. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“ во Ресен

Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, којшто беше основан во 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија, оваа година ќе го има своето 21. издание, со почеток на 6 јули, пред „Сарајот“ во Ресен.

Фестивалот ќе почне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело – „Актер на Европа“. Прво легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда е Љуба Тадиќ од Белград, а потоа се редеа Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.

Оваа година наградата за животно дело „Актер на Европа“ ќе ја понесе познатата унгарска актерка Енико Есењи, за која ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации.

Според програмата, до 11 јули во Ресен ќе настапат: аматерската група „Самоилци“ со претставата „Бунда“, Академијата „Балканика Еуропеана“ со проектот „Среќата е нова идеја во Европа“, актери од Германија кои ќе се претстават со проектот „Разоткривање на минатото – комуникација во и за холокаустот“, актерот Слободан Маруновиќ од Црна Гора со изведба на монодрамата „Последниот час на Његош“, а со театарски проекти ќе се претстават и уметници од Хрватска, Швајцарија и од Србија.

Програма

07.07.
Локација:  Локација „Сарај“ Ресен
 
19:00Ч
„Бунда“ (Македонија)
Аматерска група „Самоилци“ – Ресен
(ВОН НАТПРЕВАРУВАЧКА КОНКУРЕНЦИЈА)
 
Текст: Миле Волканоски
Режија: Динче Кочевска
Костимограф: Леон Стефановски
Техничка поддршка: Сандра Цаловска
 
Настапуваат: Сара Најдовска, Иван Китевски, Стефан Трајановски, Стефан Стојчевски, Петар Крстиновски, Илина Карапанчевска, Ана Питроповска, Сандра Цаловска, Илина Наумовска, Ангела Костовска, Александар Радевски, Марко Угриновски, Филип Костовски
 
21:00Ч
„Среќата е нова идеја во Европа“  (Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, БиХ)
Меѓународен театарски проект на Академија Балканика Еуропеана под покровителство на УНЕСКО:
„Балканска уметничка младинска мрежа на мобилност“
 
Режија:  Дамјан Димовски
Драматизација: Тобиас Џаџиу,  по текст на Јордан Плевнеш
Сценски движења: Васил Зафирчев
Настапуваат: Јована Брновиќ, Милош Кашчелан, Леонида Гулевска, Никола Петровиќ, Бранко Михалјловски, Тодор Стојковски
 

08.07.
Локација:  Сарај, Ресен
21:00Ч
 
„Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“ (Германија)
Концепт и режија: Кане Кампман и Брајан Мајклс
Продукција: Град Келн
 
Актерска екипа: Кане Кампман, Брајан Мајклс
Композитор: Миша Рур
Графика и проекции: Јан Лиесефелд
 
 09.07
Локација:  Сарај, Ресен
21:00Ч

„Последниот час на Његош“ (Црна Гора)
Текст: Слободан Томовиќ
Црногорски народен театар  – Подгорица
 
Режија: Благота Ераковиќ
Настапува: Слободан Маруновиќ
 
10.07.
Локација:  Сарај, Ресен
19:00Ч
„Беспомошни створења“ (Хрватска)
Младински сатирички театар – Славонски Брод
(ВОН НАТПРЕВАРУВАЧКА КОНКУРЕНЦИЈА)
 
Текст: Антон Чехов
Режија: Силвио Стилиновиќ
Асистент на режија, светло и звук: Саша Кариќ
Костимографија: Таја Балаш
Продуцент: Златко Орешковиќ
 
Настапуваат: Тања Медиќ-Савиќ, Дора Пејиќ, Мартина Лемајиќ, Силвио Стилиновиќ, Зрино Гусак, Матеј Сафунџиќ, Иван Кнежевиќ, Морено Мијатовиќ, Дамир Сутон
 
21:00Ч
„Во името на таткото“ (Швајцарија)
Текст: Ридван Дибра (Албанија)
Продукција: Арти, на/он,  Цирих
Режија: Сулејман Рушити
Актер: Даут Ахмети
 

11.07.
Локација:  Сарај, Ресен
21:00Ч

„Чучук Стана“ (Србија)
Текст и режија: Жељко Хубач
Народен театар на Тимочка краина „Зоран Радмиловиќ“ – Зајечар, Србија
 
Настапува: Наташа Петровиќ
Асистент на режија: Оливера Викторовиќ-Ѓурашковиќ
Сценографија: Жељко Хубач, Мирко Стокиќ
Костим: Горица Илиќ и Мирјана Станојевиќ
Избор музика: Жељко Хубач и Оливера Викторовиќ-Ѓурашковиќ
Видео: Емир Авдиќ
Дизајн на светло: Драган Марковиќ
Тон: Душан Пурешиќ
 
-Свечено затворање и доделување на наградите