Црвена Младина организира проекција на филм посветен на храбрата револуционерка Елпида Караманди

  • Соопштение на Црвена Младина

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Црвена Младина заедно со Левичарскиот Институт „Rацин” ве повикува да дојдете и заедно да го погледнеме серијалот „Народни херои од Југославија” кој ни ја прикажува неверојатната приказна на храбрата револуционерка Елпида Караманди, учесник во НОБ на Македонија.

Во филмот реку лични и непосредни сведоштва дознаваме за херојските подвици и револуционерна активност токму на народниот херој од Македонија, Елпида Караманди.

Со овој филм сакаме да ја истакнеме важноста и потенцираме храброста на жените револуционерки од историјата на Македонија кои одиграле клучна улога во креирањето на историјата на Македонија и покрај тешките услови во кои живееле, а воедно да ги инспирираме жените денес да не престануваат да се борат.

Проекцијата ќе се одржи на 8 Март во 18:00 часот во Културно информативен центар – Скопје, сала 1919. Влезот е бесплатен.