АктуелноЛокално

Апасиев за пресудата за убиството во Н. Лисиче: Да ви се плукнам во ваквата правда!

„Почитувани судии – ОДЈЕБЕТЕ!

Дегутантно е да аргументирам со вас. Не ја замајувајте јавноста со вакви ефтини соопштенија. СУД не постои! Обвинителство не постои! Тие се само згради. Постои судија и постои обвинител! Со име и презиме. И кажете ги кои се во случајов, кога е сторено вакво грозоморно дело убиство на тинејџер, за кое пресудувате само три години затвор!? Па не е маче згазено на пешачки бе. Дете е убиено! Алоооо.

Не се вадете на божемни законски граници и непристрастност.
Трагично е да ги споменувате само „олеснителните околности“ на убиецот [бил млад и неосудуван и убил во афект]. А, да прашам, кај се ОТЕЖНИТЕЛНИТЕ околности:
(1) делото е сторено како резултат на меѓуетничка омраза – што само по себе го квалифицира, а не го привилегира;
(2) делото е сторено со нож од 9 см. што убиецот го носел со себе, а не смеел;
(3) сторителот не е доведен во афект без своја вина, како што налага Кривичниот законик, бидејќи – според кажувањата на сведоци од Ново Лисиче – претходно на бензинската бил прв кој, со своја банда, почнал да ги тормози другарките на убиеното момче…

И? Викате ова е таа реформирана правда, а? Да ви се плукнам во ваквата „правда“. Како професор по право, сакам да ви кажам дека предавањето на Правото е обезвреднето ако во практиката ја исмеваме идејата за Правда. Запомнете го ова и ЗАСРАМЕТЕ СЕ!

p.s. Искрено се надевам дека Апелациониот суд ќе ја преиначи оваа жална и трагична пресуда.”

Почитувани судии – ОДЈЕБЕТЕ!Дегутантно е да аргументирам со вас. Не ја замајувајте јавноста со вакви ефтини…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Понеделник, 15 юни 2020 г.