Левица: Психијатриската болница во Демир Хисар го користела забранетото токсично масло прикриено како „мазут”

Реакција на локалниот огранок од Демир Хисар на политичката партија Левица.


„Не стивнуваат реакциите после објавувањето на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловена „Заговор против воздухот или како Македонија остана последна европска депонија“ каде што се открива како опасно загадувачко масло заврши како гориво за загревање на болниците низ Македонија.

Се испоставува дека и психијатриската болница во Демир Хисар е дел од оваа систематски организирана коруптивна шема и дека најмалку две години, во периодот од 2018 до 2020 година, демирхисарци биле труени со прегорено токсично масло полно со хемикалии, увезено од фирми кои притоа направиле милионски профити за сметка на здравјето на граѓаните.Со првиот договор, потпишан на ден 28.11.2018 година, тогашниот директор од СДС, Татјана Лозановска, преку ДООЕЛ ЕВРОТИМ ГДС – Кичево, набавил 190 тoни токсично масло по цена утврдена од регулаторна комисија во вредност од 7.070.630 денари.

Вториот договор е од 19.11.2019 година, потпишан од истите страни – Татјана Лозановска и Гоце Стефановски од Евротим Кичево, со вредност од 4.706. 911 денари за 140 тони токсично масло; или, вкупно 330 тони од отпадот на Европа завршил во котлите на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Резултат на таа потреба да се приграби материјално богатство по секоја цена се канцерогени болести, белодробни заболувања и неплодност. Добрата нафта останува во Австрија, Германија, или Чешка и други ЕУ држави, а отпадот полн со тешки метали од „цивилизирана и хумана“ Европа завршувал во Македонија како последна депонија, во белите дробови на нашите деца. Така изгледа северџанскиот пат кон Европа.

Здравјето на луѓето не смее да биде предмет на незаконски пазарења! Ако беспомошно гледаш како корупцијата и организираниот криминал ти го уништуваат животот, тогаш и ти си нивен соучесник. Бори се со нас!”