Член на забранетиот бенд Груп Јорум умре во затвор после 288 дена штрајк со глад

Хелин Балек (Helin Bölek), музичарка и револуционерка,член на турскиот бенд Груп Јорум, почина вчера како резултат на штрајкот со глад, што таа заедно со уште двајца членови на групата влегоа пред 288 дена додека беа во затвор. Нивниот штрајк е одговор на децениската криминализација и зголемениот прогон на членовите на групата и забраната за појавување на настапи.

Груп Јорум е експлицитно социјалистичка група. Комбинирајќи ги традициите на турската и курдската народна музика, нивните песни ги осудуваат капитализмот и империјализмот и отворено го предизвикуваат нивниот локален соработник – турската политика. Тие пееја на курдски јазик во време кога тој јазик беше забранет. На нивните концерти често беа извикувани пароли на Народен фронт (турски: Halk Cephesi), радикална левичарска турска организизација, поради што  во 2016 година беше изречена забрана за нивни концерти под политичкo обвинение за „тероризам“.

Поради отворениот политички ангажман, членовите на групата се континуирано под  репресија од самото основање на групата во 1985 година (околу 400 апсења и судења), нивните албуми редовно се забранети и уништувани, но сепак истите се меѓу најпродаваните во турската музичка историја.

Кога стапија во штрајк, членовите на Груп Јорум ги поставија следниве барања:

-Да бидат тргнати од листата на терористи

-Да се укине забраната за нивни концерти

-Затворените членови да бидат пуштени на слобода

-Да се повлечат тужбите против нив и да се прекинат судските постапки против членовите

-Да се запрат полициските контроли на нивниот културен центар во Истанбул

Хелин непоколебливо се држеше до овие барања. Игнорирањето на турските власти не ја поколеба, само го засили нејзиното верување дека е на вистинската страна на историјата. Кога веќе смртта беше неизвесна, таа порача: Ги повикувам сите да бидат нашиот глас!
Во нејзина чест, во продолжение е изведбата на песната Bella Ciao од Груп Јорум.