Правна и политичка лекција од Црвена младина за претседателот на т.н. Средношколски сојуз Бленди Ходаи

„Студентскиот лидер“ на т.н. Средношколски сојуз, кој патем беше назначен по партиска директива, објави статус на својот фејсбук профил каде го обвини претседателот на Левица, Димитар Апасиев, за фашизам. Ваквата објава наиде на реакција од Црвена Младина, кои на својот фејсбук профил напишаа:

„Бленди Ходаи, претседателот на т.н. Средношколски сојуз, (измислена организација без членство, на која што тој беше устоличен за претседател преку политички врски) треба прво да научи што значи зборот фашизам пред да го користи:

-Фашизам е кога една политичка клика ќе дојде на власт преку војна, со насилно рушење на уставниот поредок;

-Фашизам е кога една политичка клика ќе издејствува помилување на воени злосторници;

-Фашизам е кога една политичка клика штити насилници кои тепаат полицајци;-Фашизам е кога една политичка клика штити криминални структури;

-Фашизам е кога една политичка клика „вработува“ илјадници партиски војници на државна сметка кои не одат на работа;

-Фашизам е кога една политичка клика пушта нелегални закони во функција без указ од Претседателот на државата;

-Фашизам е кога една политичка клика ја користи политичката моќ за етничка дискриминација и угнетување на различните од неа;

-Фашизам е кога една политичка клика е недопирлива веќе 20 години и нејзините функционери секојдневно го кршат Уставот и законите без никакви последици;

Фашизам не е кога си ги бараш твоите Уставно и законски загарантирани права. Пред да се расфрлаш со тврдења дали „Собранието е двојазично“ или не, прво треба да прочиташ малку.

Собранието не е двојазично за сите. Според член 3, став 4 од Деловникот на Собранието на РМ „Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, материјалите навремено ги добива, односно доставува и на неговиот јазик и писмо – за да послужат на седница на Собранието или седници на работните тела“!

Значи, Собранието е двојазично само за пратениците кои говорат јазик различен од македонскиот и припаѓаат на заедница која е најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија (Албанци). За сите останати пратеници (Македонци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и ткн.) МАТЕРИЈАЛИТЕ ПО УСТАВОТ МОРА ДА СЕ ДОСТАВУВААТ САМО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Дури и нелегалниот „Закон за употреба на јазиците“ е прекршен. За „борците за човекови права“ од ДУИ ништо не е доволно. Секогаш мора повеќе.

Фашизам не е кога во Тетово Македонците и сите други неалбанци бараат документите да им се на македонски јазик. Тоа е гарантирано според Амандманот V, став 1 од Уставот на Република Македонија „на територијата на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо“. Фашизам е кога функционерите на ДУИ демонстрираат сила и нелегално тие права им ги ускратуваат!

По струшките села се веат само албански знамиња како ова да е друга држава иако според член 4 од законот за употреба на знамињата на заедниците во јавниот и службениот живот „Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, согласно со членот 2 од овој закон, пред и во објектите на органите на единицата на локалната самоуправа постојано се истакнати знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница“. Да се веат македонски знамиња на македонска територија ли е фашизам Бленди?

Великоалбанскиот национал-шовинизам запакуван како „борба за човекови права“ повеќе не поминува Бленди. Проѕирен е и сите го гледаат. И ти ако сакаш да преставуваш организација на СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ во Република Македонија, редно е да го надминеш.

Борбата продолжува!“