Извршител од Охрид пратил Налог за веќе платен долг пред две години!

До редакцијата на Антропол пристигна писмо од граѓанин кој обвинува дека извршител блокира исплата на плата, иако Владата донесе Уредба за стопирање. Се работи за Налог за извршување потпишан од извршителот Станислав Тасески од Охрид, врз основа на барање за извршување од Централна Кооперативна банка. Уште поскандалозно е што се работи за долг кој е платен во 2016 година, за кое во прилог е доставена и уплатница. Налогот е веќе спроведен поради што на работникот му е исплатена плата од 11.600 денари, додека Владата најави дека ниту еден работник не смее да земе плата под 14.500 денари. Се работи за веќе платен долг од 14 000 денари, при што Налогот за извршување е во износ од 38 576 денари.

Во продолжение го пренесуваме писмото заедно со документацијата кои пристигнаа до нашата редакција.


СРАМ за СОФИСТИЦИРАНОТ КРИМИНАЛ на Централна Кооперативна Банка и извршителот Станислав Тасески од Оxрид

Навремено уплатена уплатница во 2016 година, со сума од 14.000.00 ден, повторно во 2020 година ми доаѓа налог од извршител дека треба да се плати 38.576.00 ден. Наместо до мене, НАЛОГОТ ЗА ИЗBРШУBАЊЕ, пристигна во компанијата каде што работам. Иако има закон дека минималната плата не смее да биде под 14.500.00, со налогот на корумпиранов извршител јас добивам плата од 11.600.00 ден во време кога се забранети било какви стопирања на сметки.

Среќа што ја чувам уплатницата, па се надевам дека се ќе реши во оваа корумпирана држава со беззаконие. Bнимавајте на апаши и чувајте уплатници!