Левица: Покренуваме постапка против инспекторот што го сокри скандалот на тетовскиот универзитет

Од политичката партија Левица со соопштение до јавноста реагираа дека ќе биде поднесена соодветна постапка против Раководителот на Секторот за инспекциски надзор во високото образование при Државниот просветен инспекторат Африм Саљиу заради намерно заташкување на скандалот со функционерите од ДУИ. Од партијата велат дека главниот инспектор Саљиу кој го вршел нарачаниот вонреден инспекциски надзор утврдил дека не постои незаконитост во унапредувањето, туку се работи за “јавен интерес”. Во продолжение го пренесуваме целосно соопштението на партијата Левица.


„Раководителот на Секторот за инспекциски надзор во високото образование при Државниот просветен инспекторат – Африм Саљиу, произволно и ретроактивно толкувајќи ги одредбите од Законот за високото образование (2018), скандалозно заклучил дека при унапредувањето на тројцата функционери од ДУИ: Арбер Адеми- актуелен Министер за образование и наука, Агим Нухиу – заменик-министер за внатрешни и Сафет Емрули – директор на Државниот завод за индустриска сопственост не само што не постоела никаква незаконитост, туку истите биле „во јавен интерес“!

Да потсетиме, овие тројца недопирливи функционери на вечниот коалиционен партнер ДУИ се противзаконски унапредени во повисоки наставно-научни звања додека вршеле јавни функции – што е спротивно на тогаш важечкиот Закон за високо образование, кој изрично предвидува „мирување на работниот однос“ додека се извршува функцијата!

Да биде иронијата поголема, главниот инспектор Саљиу кој го вршел нарачаниот вонреден инспекциски надзор има класичен судир на интереси во конкретниот случај кој ќе треба да ги испита Антикорупциската комисија – бидејќи неговата ќерка работи како асистент токму на Правниот факултет при ДУТ Тетово и истиот бил должен да се изземе од инспекцискиот надзор во конкретната институција! Со ова еклатантно е повреден Етичкиот кодекс на инспекторите, како и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Нашиот правен тим ја комплетира потребната документација и во блиска иднина, против конкретниот инспектор, ќе покрене соодветни правни постапки за утврдување на неговата инволвираност во заташкување на целиот случај. Бараме и премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски веднаш да одговорат пред целокупната јавност за диригираниот мобинг врз инспекторот Ѓорѓи Илиевски, со цел да ги заштитат криминалите на коалицијата на власт.”

Раководителот на Секторот за инспекциски надзор во високото образование при Државниот просветен инспекторат – г. АФРИМ…

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Петък, 13 септември 2019 г.